ОФИЦИЈАЛНО: Лофтус-Чик е нов фудбалер на Милан

Англискиот фудбалер Рубен Лофтус Чик е нов фудбалер на Милан, официјално потврдија од клубот од „Сан сиро“.

Медиумите од Италија пренесуваат дека се работи за зделка вредна околу 21,5 милиони евра.

„Милан е среќен што може да го соопшти трансферот на Рубен Лофтус Чик од Челси. Играчот стави потпис на договор со трајност до 30. јуни 2027“, соопштија од калчолигашот. 

Се вчитува...