Официјално: Лони Вокер се врати во Евролигата

Американскиот кошаркар Лони Вокер кој ја воодушеви европската кошаркарска јавност со настапите за Жалгирис и во новата сезона ќе биде дел од Евролигата, но овој пат ќе го носи дресот на Макаби Тел Авив.

Поранешниот НБА кошаркар потпиша тригодишен договор со израелскиот тим вреден 10 милиони евра.

За времето поминато во литванскиот евролигаш Вокер бележеше просек од 13.6 поени, 3.2 скокови и 1.8 асистенција по натпревар, но предвреме ја заврши европската авантура поради НБА понуда од Филаделфија каде и покрај тоа што забележа 12.4 поени, 3.2 скокови и 2.5 асистенции во просек беше одбиен за договор во сезоната 2025/26.

Се вчитува...