ОФИЦИЈАЛНО: Лоренцо Браун е нов кошаркар на Милано

Лоренцо Браун потпиша повеќегодишен договор со Олимпија Милано, потврди италијанскиот клуб.

Браун  го напушти Панатинаикос, за кого минатата сезона во Евролигата имаше просек од 6,3 поени, 2,7 асистенции и два скока по натпревар.

„Благодарен сум и почестен што ми се укажа можноста да го облечам дресот на Олимпија Милано. Возбуден сум што ќе играм со одлични соиграчи и ќе се натпреварувам на највисоко ниво. Уверен сум дека ќе имаме одлична сезона, имајќи ги предвид промените во тимот и играчите кои останаа од минатата година. Целта во Евролигата е да стигнеме до плеј-офот“, изјави Браун. 

Шпанскиот репрезентативец во текот на својата кариера настапуваше за Макаби, Уникс, Фенербахче, Црвена Звезда, Торонто, Феникс, Минесота и Филаделфија.

Се вчитува...