Официјално: Лоренцо Браун за уште посилен Панатинаикос

Актуелниот шампион на Евролигата, Панатинаикос го промовираше првото летно засилување. Тоа е американскиот бек Лоренцо Браун кој воедно е и шпански репрезентативец и „зелениот“ дрес ќе го носи во следните три сезони.

Искусниот 33-годишник кој во кариерата настапуваше и во НБА лигата во редовите на тимот од Атина доаѓа по две сезони поминати во Макаби Тел Авив. Изминатата сезона тој бележеше просек од 13.2 поени, 6.1 асистенција и 2.8 скокови.

Се вчитува...