Официјално: Лучијано Спалети, нов селектор на Италија

Доскорешниот тренер на Елиф Елмас во Наполи, Лучијано Спалети вечерва и официјално беше промовиран во нов селектор на италијанската репрезентација, по неочекуваното заминување на Роберто Манчини од оваа функција.

Спалети беше прва желба на челниците на федерацијата, а откако конечно беше постигнат договор со Де Лаурентис бидејќи тренерот се уште беше под договор со Наполи, вечерва и официјално беше потпиан договорот за тригодишна соработка, за плата од три милиони евра по сезона.

Новиот селектор ќе дебитира на клупата на „аѕурите“ на дуелот со Македонија, закажан за 9 септември во Скопје.

„Можеме да потврдиме дека е постигнат договор со Лучијано Спалети за тој да стане селектор на репрезентацијата. Официјалната промоција ќе се случи за време на тренинг-собирот во пресрет на квалификациските натпревари со Македонија и со Украина“, објави Италијанската Фудбалска Федерација.

Се вчитува...