Официјално: Луис Скола се врати назад во Евролигата

Луис Скола и дефинитивно се враќа назад во Евролигата, но не во дресот на Реал Мадрид, туку како член на италијанскиот тим Олимпија Милано. „Кралевите“ се обидуваа да го убедат Аргентинецот да им се приклучи по неговите извонредни игри на СП во Кина, но лојалноста на Скола кон Басконија пресуди, па ветеранот реши кога веќе се враќа во Европа, тоа да не биде во редовите на лутиот ривал на неговиот долгогодишен клуб.

Информацијата за потписот на Скола прв ја обелодени тренерот Еторе Месина, на прес-конференција по шокантниот пораз на неговиот тим на стартот од италијанското првенство. Веднаш потоа со клупско соопштение се јави раководството, потврдувајќи дека 39-годишниот ветеран ќе настапува за Олимпија Милано до крајот на оваа сезона.

Скола одигра неверојатно на СП во Кина, предводејќи ја Аргентина до големото финале, во просек бележејќи 17,9 поени и 8,1 скокови по натпревар.

Се вчитува...