Официјално: Луис ван Гал се врати на клупата на Холандија

Лошиот настап на Европското првенство донесе промени во селекторското место во редовите на Холандија каде замина Франк де Бур, а денеска федерацијата официјално го промовираше Луис ван Гал.

За икусниот холандски сратег ова е трет мандат на клупата на „лалињата“. Првиот беше од 2000 до 2002 година, а потоа и од 2012 до 2014 година кога и донесе успех на оваа репрезентација предводејќи ја до третото место на Светското првенство 2014 кое се одржа во Бразил.

Се вчитува...