Официјално: Лука Модриќ и Реал Мадрид продолжуваат заедно (ВИДЕО)

Лука Модриќ и следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид откако денеска официјално стави потпис за продолжување на договорот до јуни 2024 година.

Хрватскиот репрезентативец кој во 2018 година ја освои Златната топка во главниот град на Шпанија пристигна пред 11 години, а досега настапи на 488 натпревари забележувајќи 37 голови и 77 асистенции. Сега 37-годишникот со „кралевите“ освои 23 трофеи, а во новата сезона ќе има и дополнителна улога да биде ментор на младите соиграчи од средниот ред.

Се вчитува...