Официјално: Лука Станковски со трансфер во Раднички

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Лука Станковски го напушти тимот на Газијантеп селејќи се во елитното фудбалско друштво на Србија, какочлен на Раднички 1923 од Крагујевац.

Станковски не доби шанса каква што заслужува во Газијантеп, последните шест месеци од ланската сезона ги мина во второлигашот Тузласпор, а откако стана јасно дека повторно нема да има посериозна минутажа реши да ја прифати понудата на Раднички.

„По продажбата на Милан Алексиќ во Сандерленд остана испразнето место во тимто на позицијата централен играч за врска. Тоа место ќе се обиде да го пополни македонскиот репрезентативец Лука Станковски (22 години), кој притигнува на едногодишна позајмица од турски Газијантед, со право за целосен откуп на крајот од сезоната. Лука, добредојде во црвеното семејтво“, објави Раднички.

Се вчитува...