Најдобриот стрелец во Евролигата на сите времиња потпиша нов договор со тимот од Кнежевството на три години.
Најдобриот стрелец на сите времиња во Евролигата и МВП на елитното клупско европско натпреварување за сезоната 2023/24 одлучи да остане во Монако.
Тој го продолжи договорот со тимот на Саша Обрадовиќ на уште три години. Затоа, јасно е дека Монако повторно ќе има прилично респектабилен тим, во кој Џејмс сепак ќе биде лидер.
Американскиот кошаркар роден 1990 година ја започна својата кариера во Европа во Загреб, а потоа настапуваше за Хапоел Галил, Пафони, Колосос Родос, од каде замина во Басконија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА