Официјално: „Македонецот“ од Јувентус на позајмица во Сампдорија

Никола Секулов, фудбалерот на Јувентус кој има македонско потекло, следната сезона ќе ја мине како позајмен во Сампдорија. По доаѓањето на Тиаго Мота за тренер на „Старата дама“, за Секулов немаше место во торинскиот гигант, па така се реши да ги напушти редовите на „бјанконерите“.

22-годишниот Секулов ги мина сите младински категории на Јувентус, а има и еден настап за сениорскиот тим, против Лацио во март 2023 година. Договорот со Сампдорија е позајмица една сезона, со задолжителен откуп од 6 милиони евра по завршувањето на сезоната.

Секулов во минатото прифати да игра за Македонија, дури беше дел од младинските селекции, меѓутоа потоа се реши да игра за Италија и има настап за младите селекции на „азурите“ до 17, 18 и 20 години.

Се вчитува...