Ракометната Федерација на Македонија ја доби довербата на ИХФ за организација на уште едно големо натпреварување, откако нашата земја беше избрана за домаќин на претстојниот светски шампионат за кадетки.
Организатор на ова натпреварување требаше да биде Грузија, но откако оваа земја се повлече, Македонија покажа подготвеност и успеа да ја добие организацијата на мундијалот, кој ќе се одигра од 30 јули до 10 август во Скопје.
Информацијата беше најавена уште на вчерашниот состанок на Управниот Одбор, за денеска со официјален допис да биде потврдена и од Светската Ракометна Федерација.
„Ве информираме Ракометната Федерација на Македонија доби официјална потврда од IHF- Светската Ракометна Федерација, дека ќе биде домаќин на 2022 IHF Women’s Youth (U18) World Championship. Голема благодарност упатуваме до IHF-Светската Ракометна Федерација за укажаната доверба“, објави РФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА