Светската Ракометна Федерација ИХФ вечерва и официјално ги потврди термините за натпреварите кои ќе бидат на програмата во првиот дел од нокаут фазата од Светското Првенство во Франција.
Македонија ќе ја има честа да ја отвори серијата осминафинални натпревари, откако за официјален термин беше утврден 16 часот, кога избраниците на Лино Червар ќе истрчаат во арената во Албервил против селекцијата на Норвешка.
Второ осминафинале е она меѓу домаќинот Франција и селекцијата на Исланд, закажано за 18 часот во Лил.
Во терминот од 20.45 часот в сабота ќе се играат две средби, и тоа Словенија – Русија во Париз и Шпанија – Бразил во Монпелје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА