Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска и официјално ги потврди шеширите за ждрепката за европските квалиикации за пласман на Светското првенство кое во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико.
Македонија како што и претходно беше најавувано ќе се најде во третиот шешир заедно со репрезентациите на
Шкотска, Словенија, Р. Ирска, Албанија, Грузија, Финска, Исланд, С. Ирска, Црна Гора, БиХ и Израел. Овие селекции сигурно нема да бидат еден од нашите противници во групите.
Ждрепката е закажана за 13. декември.
1 ШЕШИР: Франција, Шпанија, Англија, Португалија, Холандија, Белгија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска и Австрија
2 ШЕШИР: Украина, Шведска, Турција, Велс, Унгарија, Србија, Полска, Романија, Грција, Словачка, Чешка и Норвешка
3 ШЕШИР: Шкотска, Словенија, Република Ирска, Албанија, Македонија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Израел
4 ШЕШИР: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Косово, Ерменија, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Фарски Острови, Летонија и Литванија
5 ШЕШИР: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн и Сан Марино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА