Борусија Дортмунд го официјализираше трансферот на Дониел Мален од ПСВ Ајндховен, со што германскиот гигант успешно ја финишираше потрагата по наследник на Џејдон Санчо, по мегатрансферот на англискиот репрезентативец во Манчестер Јунајтед.
Токму Мален беше прв избор на „милионерите“ во оваа потрага, преговорите со ПСВ за холандскиот репрезентативец траеја речиси цел месец, за на крајот да биде постигнат целосен договор, Борусија да плати 30 милиони евра, а Мален да потпише договор до 2026 година.
„Борусија Дортмунд е клуб од самиот врв на европскиот фудбал, секогаш поставува пред себе високи стандарди. Едвај чекам да се појавам на теренот и да почнам да тренирам со своите нови соиграчи, да можам да напредувам играјќи крај најдобрите“, изјави Мален.
Холандскиот репрезентативец минатата сезона постигна 27 гола и имаше 10 асистенции во дресот на ПСВ Ајндховен, што беше доволна препорака за тој летово да направи богат трансфер во поголем европски клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА