Официјално: Манчестер јунајтед и Бруно Фернандеш остануваат заедно до 2026

Репрезентативецот на Португалија и плејмејкер на Манчестер jунајтед, Бруно Фернандеш и официјално потпиша нов договор со „црвените ѓаволи“ со кој ќе биде меѓу тројцата најплатени фудбалери на „Олд Трафорд“ покрај сонародникот Кристијано Роналдо и шпанскиот голман Давид де Хеа, потврди денеска тимот од Манчестер.

Фернандеш се обврза на нов договор до 2026 година со опција за продолжување на соработката за уште една година и за очекување е дека тој уште пет години најмалку ќе го носи црвениот дрес на англискиот великан и најтрофеен клуб во Премиер-лигата.

„Уште од првиот момент кога дојдов во Јунајтед имам посебен однос со клубот и со навивачите, јас пораснав гледајќи го овој клуб, сонувајќи да играм за него и сонот сега ми се оствари. Дури и после две години како играм, сѐ уште е неверојатно чувство да стапнете на ‘Олд Трафорд’, да ги чуете навивачите. Привилегија е да се носи овој дрес“, потенцираше Бруно.

Бруно во вторникот успеа да постигне два гола против Македонија, па на тој начин и обезбеди победа на Португалија, вредна за пласман на големиот Мундијал во Катар.

 

 

Се вчитува...