Во едни најцрни сценарија пред неколку кола, менаџерот Рубен Аморим испрати серија на критики кон своите фудбалери, а кажа дека дури Манчестер Јунајтед би можел да испадне во Чемпионшип.
Сепак, тоа нема да се случи, благодарение на поразот на Ипсвич од Арсенал. И Манчестер Јунајтед загуби, па остна разликата од 17 бодови помеѓу овие два тима, со што и дефинитивно „Црвените ѓаволи“ ќе играат и идната сезона во Премиерлигата.
За неверување, но Манчестер може дури да обезбеди и учество во Лигата на шампионите идната сезона, само доколку го освои трофејот во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА