Мејсон Гринвуд не е повеќе играч на Манчестер Јунајтед. Тимот од „Олд Трафорд“ одлучи да не му прости поради тоа што беше обвинет за сексуален напад и закани за убиство од страна на својата девојка, која ги објави на социјалните мрежи.
Имаше многу шпекулации за неговата иднина, а Јунајтед пред неколку месеци ја заврши истрагата. Тој беше суспендиран од страна на тимот. Неговиот договор го раскина и компанијата „Најк“, а беше отстранет и од популарната видео игра ФИФА.
„Истрагата е завршена и ние сме во завршна фаза на донесување одлука за иднината на Мејсон. Спротивно на медиумските шпекулации, таа одлука се уште не е донесена и во моментов е предмет на интензивно внатрешно разгледување. Ова беше тежок случај. Ве молиме за трпение додека работиме низ последните фази на овој внимателно управуван процес“, соопшти клубот пред неколку недели.
И натаму не е позната следната дестинација на Гринвуд. За него се интересираат неколку англиски клубови, беше заинтересиран и Јувентус, а имаше интерес и од Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

