Официјално: Мане стана соиграч на Роналдо во Саудиска Арабија

Продолжуваат големите трансфери во Саудиска Арабија, откако Ал Наср вечерва го потврди потписот на екс играчот на Ливерпул и на Баерн Минхен, Садио Мане. Со тоа Кристијано Роналдо го доби најголемото засилување во својот тим од неговото доаѓање во Арабија.

Мане го менува клубот после само една година откако од Ливерпул се пресели во Баерн. Од него многу се очекуваше во Германија, но не ги оправда очекувањата, па тоа го искористија „Баварците“ добро да заработат на него.

Претходно во овој тим се пресели Марсело Брозовиќ, Алекс Телес и Секо Фофана.

Се вчитува...