Ријад Марез од денеска и официјално е нов член на Манчестер сити, завршувајќи ја трансфер-сагата што трае уште од јануарскиот преоден рок.
Асот на Лестер долго време беше желба на Пеп Гвардиола, „лисиците“ не сакаа ни да чујат за разделба од него, за конечно да дадат зелено светло откако Сити ја надмина границата од 60 милиони фунти.
„Најдобрите работи им се случуваат на оние кои чекаат“ – гласеше насловот на видеото објавено од англискиот првак, за официјализација на првиот голем трансфер во овој преоден рок, со кој Марез стана најскап фудбалер во клупската историја.
The best things come to those who wait… ?#welcomeriyad to Manchester City! ? #mancity pic.twitter.com/lLjJZrz4J0
— Manchester City (@ManCity) July 10, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА