Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња потпиша договор со тимот на Реал Мадрид до 2029 година.
Според најавите, хрватскиот кошаркар решил да остане во тимот на Реал Мадрид и покрај понудите кои ги имал од други клубови, меѓу кои и најголемиот ривал Барселона.
Минатата сезона Марио не успеа да го повтори резултатот од година претходно кога ја освои Евролигата, а сега беше запрен на последниот чекор, бидејќи во финалето беше поразен од Панатинаикос.
Хезоња за Реал Мадрид во Евролигата имаше просек од 10,8 поени, 3,5 скока и 1,1 асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА