Српскиот ветеран Бобан Марјановиќ во продолжението од сезоната нема да настапува за турскиот евролигаш Фенербахче кој денеска официјално го раскина неговиот едногодишен договор.
224 сантиметри високиот Србин по речиси една деценија помината во НБА лигата се врати назад во Европа изминатото лето потпишувајќи едногодишен договор во кој Турците имаа опција да го раскинат неговиот договор пред месец јануари, нешто што и се случи.
Марјановиќ не ги исполни очекувањата, имаше скромен учинок и скромна минутажа што даде дознаење дека на 36-годишна возраст повеќе не е во форма за настап во најелитниот европски кошаркарски шампионат. Според литванскиот портал „Баскет Њуз“ Марјановиќ одново ќе замине од Европа барајќи шанса надвор од „стариот континент“.
Her şey için teşekkürler Boban Marjanovic! 💛💙
👉 https://t.co/6y1rplZKf7 pic.twitter.com/p023HDManJ
— Fenerbahçe Beko (@FBBasketbol) December 23, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА