Официјално: Марјановиќ уште една година во Хјустон Рокетс

Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ потпиша едногодишен договор со Хјустон Рокетс. Центарот така ќе продолжи да настапува за таа франшиза, чиј дел е од минатата година. Бобан ќе може да заработи речиси три милиони долари, а при потпишувањето му се загарантирани 1,3 милиони долари.

Договорот на Марјановиќ со Тексас истече на крајот од минатата сезона, но тој постигна договор за нова едногодишна соработка. Марјановиќ на овој начин ќе заработи речиси 40 милиони долари бруто од приходите во НБА.

Помеѓу двете сезони се шпекулираше дека Марјановиќ би можел да се врати во Европа, но тој реши да ја продолжи соработката со Рокетс. Српскиот кошаркар, меѓу другите, на „Стариот континент“ настапуваше за Хемофарм, ЦСКА, Мега и Црвена звезда.

Во текот на минатата сезона, Боби одигра 31 натпревар во дресот на Рокетс и имаше просек од 3,3 поени и 1,9 скока по натпревар.

Се вчитува...