Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд и официјално стана дел од каталонскиот гигант Барселона, откако тие денеска се договорија за позајмица со Манчестер јунајтед.
Рашфорд преминува во Барселона како позајмен играч до јуни 2026 година.
„Барселона и Манчестер јунајтед постигнаа договор за позајмица на фудбалерот Маркус Рашфорд до 30 јуни 2026. Во договорот има и опција за откуп на англискиот фудбалер“, стои во соопштението на каталонскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

