ОФИЦИЈАЛНО: Масимилијано Алегри доби отказ во Јувентус!

Италијанскиот тренер Масимилијано Алегри доби отказ од Јувентус поради неговото однесување по завршувањето на финалниот меч од Купот на Италија против Аталанта (1-0).

Имено, искусниот стратег полуде по крајот на натпреварот со кој Јуве стигна до 15. титула во Копа Италија, а имаше пресметка дури и со дел од новинарите кои беа на трибините на „Олимпико“.

„Јувентус објавува дека Масимилијано Алегри е ослободен од должноста тренер на првиот тим. Отказот доаѓа по одредени испади во однесувањето за време и по мечот од Купот на Италија, кои се некомпатибилни со вредностите на Јувентус“, стои во соопштението на клубот. 

Според италијанските медиуми, нов тренер на Јувентус од следната сезона треба да биде Тијаго Мота кој сезонава направи вистинска револуција со Болоња со која успеа да обезбеди и пласман во Лигата на шампионите.

Се вчитува...