Официјално: Матеус Нунеш, четврто засилување на Манчестер Сити

Манчестер Сити на последниот ден од преодниот рок го официјализираше и четвртиот трансфер, со кој „граѓаните“ добиваат на дополнителен квалитет во средниот ред. Португалскиот репрезентативец Матеус Нунеш е најновото име во тимот на Пеп Гвардиола, откако англискиот шампион се договори со Вулверхемптон да плати 47 милиони фунти за да го осигура потписот на одличниот играч за врска.

Нунеш ќе им се приклучи на Ковачиќ, Гвардиол и на Доку како нови засилувања во таборот на „граѓаните“, а португалскиот репреззентативец ќе го носи дресот со број 27 во новиот клуб.

„Пресреќен сум што доаѓам во Манчестер Сити, шампионот на Европа, клубот на кој веќе подолго време му се воодушевувам. Не можев да ја одбијам можноста да работам со Пеп Гвардиола, еден од најдобрите тренери на сите времиња, крај дел од најдобрите фудбалери во светот во моментов. Многу научив за Премиер-лигата од времето минато во Вулверхемптон, што ќе ми биде одлична адаптација за трансферот во Сити“, изјави Нунеш по потписот на договорот.

Се вчитува...