Матс Хумелс конечно ја заврши потрагата по нов клупски ангажман откако германскиот ветеран потпиша договор со Рома. Тој во декември ќе наполни 36 години, но Германецот верува дека се уште може да игра на највисоко ниво, па затоа одби богати понуди од Саудиска Арабија за да се пресели во клуб со посериозни амбиции во некоја од елитните европски лиги.
Хумелс ги одби Болоња и Реал Сосиедад, но кога Рома се вклучи во трката преговорите се интензивираа, за на крајот да биде потпишан договор на една година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезон. Германецот ќе има загарантирани 1,8 милиони евра плата, но во договорот има и бонуси со кои неговите примања би можеле да скокнат и до три милиони евра.
Хумелс е второто засилување за одбраната на Рома по истекот на преодниот рок,откако „волчицата“ еден ден претходно како слободен играч го ангажираше и Хермосо од Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА