Официјално: Маунт нов играч на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед на социјалните мрежи објави дека Мејсон Маунт е нов играч на „Црвените ѓаволи“. Тој доаѓа од Челси за сума од 60 милиони фунти. Вчера на емотивен начин се збогуваше од навивачите на „сините“, а веќе денеска е промовиран на „Олд Трафорд“.

Маунт целата кариера ја мина во дресот на Челси. Со доаѓањето на новите сопственици се помалку добиваше шанса, и се реши да замине во еден од најспекакуларните трансфери ова лето.

Се вчитува...