ОФИЦИЈАЛНО: Маурицо Сари се врати на клупата на Лацио

Италијанскиот стратег Маурицио Сари во новата сезона ќе го предводи калчолигашот Лацио откако денеска официјално беше постигнат договор за нова соработка.

Сари по само една сезона се враќа на клупата на клубот од главниот град на Италија откако претходно го предводеше клубот од 2021 до 2024 година.

Покрај Лацио, сега 66-годишниот стратег предводеше повеќе италијански тимови меѓу кои и Верона, Емполи, Наполи и Јувентус. Помина и една сезона во Челси во сезоната 2018/19.

Се вчитува...