ОФИЦИЈАЛНО: Мемфис Депај е нов фудбалер на Коринтијас

Холандскиот фудбалер Мемфис Депај денеска потпиша двегодишен договор со Коринтијанс. Депај потпиша договор до декември 2026 година и му се приклучи на бразилскиот клуб како слободен играч по заминувањето од Атлетико Мадрид во јули.

Минатата сезона одигра 31 натпревар и постигна девет гола за Атлетико. Депај летово играше за Холандија на Европското првенство, но селекторот Роналд Куман не го повика во тимот за натпреварите од Лигата на нации овој месец.

Куман изјави дека би можел да го повика Депај во репрезентацијата за следните натпревари, за разлика од Стивен Бергвајн, кој нема да биде повикан по неговиот трансфер во Саудиска Арабија.

Се вчитува...