ОФИЦИЈАЛНО: Мерцедес ја претстави замената за Хамилтон

Мерцедес денеска и официјално ја претстави замената за седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон кој на крајот на годината го напушта Мерцедес и се сели во големиот ривал Ферари.

Младиот италијански возач Андреа Кими Антонели од следната сезона ќе вози покрај Џорџ Расел.

Антонели има само 18 години, но ги воодушеви и фановите и раководните лица на Мерцедес со неговите настапи во Формула 2.

Се вчитува...