ОФИЦИЈАЛНО: Микел Хансен од 2022 во дресот на дански Алборг

Микел Хансен и официјално од 2022 година ќе го засили тимот на данскиот Алборг, откако денеска потпиша договор со траење од три години. Данскиот „бомбардер“ има договор со ПСЖ до јуни 2022 година, но во ракометот е вообичаено и повеќе од една година предвреме да се договараат новите трансфери, па така Хансен донел одлука да се врати назад во татковината.

Микел Хансен е член на ПСЖ од 2012 година, кога пристигна во Париз од редовите на АГ Копенхаген, мултимилионски дански ракометен проект што заврши со банкрот. Тој претходно во кариерата има настапувано и за Барселона и за ГОГ Гудме.

 

Се вчитува...