Португалскиот стратег Пауло Фонсека од денеска и официјално повеќе не е тренер на Милан откако италијанскиот калчолигаш се одлучи да му врачи отказ по серијата на неуспеси. Последниот од нив дојде на натпреварот против Рома кој тој не го заврши од клупата откако доби искулување во 43. минута.
Фонсека пристигна на „Сан Сиро“ на стартот на сезоната, но не се прослави во италијанското првенство каде во моментот Милан е на осмата позиција на табелата со 27 освоени бодови. Во Лигата на Шампиони „росонерите“ се во подобра позиција со 12 освоени бодови по шест одиграни средби.
Official Statement: Paulo Fonseca
— AC Milan (@acmilan) December 30, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА