ОФИЦИЈАЛНО: Миленковиќ е нов фудбалер на Нотингем Форест

Српскиот репрезентативец Никола Миленковиќ е нов играч на Нотингем Форест, потврдија од премиерлигашот.

Српскиот стопер мина дури седум години во Фиорентина, со која имаше уште една година од договорот.

Србинот претходно го носеше дресот на Партизан. За Фиорентина одигра дури 264 натпревари, со офанзивен учинок од 17 гола и пет асистенции.

На поранешниот европски шампион му се приклучи во трансфер вреден 12 милиони фунти, а познато е дека ќе заработува 3,5 милиони годишно.

 

Се вчитува...