Официјално: Милијана Релиќ ќе настапи на ЛОИ во Париз

Македонија денеска официјално доби уште еден учесник на Летните олимписки игри кои на крајот на месец јуни и почетокот на месец август ќе се одржат во главниот град на Франција, Париз.

Тоа е Милијана Релиќ, европска клупска шампионка која ќе ја претставува Македонија во таеквондо откако доби специјална покана од страна на ИОК, потврди и Македонскиот олимписки комитет.

„Златниот медал на Мила од Европското клубско првенство поткрепено со одличниот рејтинг и резултати од последните натпреварувања, резултираа со покана од ИОК за настап на Мила на Олимписките игри во Париз оваа година. Голема заслуга за ова има секако нејзиниот тренер Александар како и континуираната успешна работа на нашата Таеквондо федерација и пред се на нашиот сребрен Дејан Георгиевски и неговиот тренер Борче Костовски кои го трасираа патот на таеквондо спортот во Македонија.

Од Мила очекуваме одличен настап и посакуваме уште една радост од нашите таеквондисти“

Се вчитува...