Никола Милутинов е жив пример дека со пари не може да се купи се, откако српскиот центар покажа максимална лојалност кон Олимпијакос одбивајќи ја богатата понуда од лутиот ривал Панатинаикос.
„Зелените“ од Атина планираа одмазда по загубената титула нудејќи му на Милутинов огромни три милиони евра по сезона. Сепак, големиот ас ја покажа и човечката големина одбивајќи на таков начин да ги скрши срцата на фановите на Олимпијакос, за што експресно доби и подарок – нов договор со овој грчки гигант.
Иако претходно беше најавено дека тој нема да добие нов договор, па почна сериозни преговори со Олимпија Милано, челниците на Олимпијакос решија да ја наградат неговата лојалност нудејќи му продолжување на соработката.
Преговорите траеја помалку од 24 часа, за попладнево и официјално да биде потврдено, Србинот потпиша нов договор со кој и во наредните три сезони ќе ги брани боите на Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

