Официјално: Миовски доби нов тренер во Ренџерс

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски од денеска и официјално има нов тренер во Ренџерс. Станува збор за Дени Роел, германскиот стратег кој потпиша договор со важност во следните две и пол години.

Роел има пребогато искуство стекнато во Лајпциг, Саутемптон и Баерн Минхен каде работеше заедно со врвни стратези како помошен тренер. Првиот сениорски ангажман како прв тренер го имаше во 2023 година на клупата на Шефилд Венздеј, клуб кој го препороди и спаси од релегација.

Се вчитува...