Бојан Миовски и официјално е нов член на Глазгов Ренџерс откако македонскиот репрезентативец попладнево ги мина лекарските прегледи и го стави потписот на четиригодишниот договор со овој шкотски фудбалски гигант.
Миовски ја остава зад себе кошмарната сезона во Џирона и по една година се враќа назад во Шкотска, каде две сезони блескаше како член на Абердин. Токму тие настапи беа препорака за Селтик и Глазгов Ренџерс летово да бидат во трка за македонскиот голгетер, но на крајот пресуди желбата на Миовски да заигра за „ренџерси“ со кои потпиша договор до јуни 2029 година.
Официјалната промоција на македонскиот голгетер е закажана за утре, кога ќе биде познато и дали Миовски ќе ја добие неопходната работна дозвола за да може да дебитира веќе в недела, на големото шкотско дерби меѓу Глазгов Ренџерс и Селтик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

