Филип Миркуловски и дефинитивно на крајот од сезонава ќе се пресели целосно на тренерскиот занает, откако Вецлар денеска го претстави Македонецот како прв асистент на тренерот Бен Мачке, почнувајќи од сезоната 2022/23.
Миркуловски е член на Вецлар од 2015 година, тој во изминатата година паралелно со играчката улога имаше и задачи со стручниот штаб, што ќе го подготват за наредните предизвици. Тој беше дел и од стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров во македонската репрезентација, давајќи значаен придонес во пласманот на СП 2023.
„Среќен сум што ќе бидам помошен тренер во Вецлар веднаш по завршувањето на играчката кариера. Благодарен сум му на клубот што ми ја дава шансата да се развијам како тренер. Исто така, со нетрпение очекувам да имам уште подлабока соработка со првиот тренер Бен Мачке, кој е прекрасен човек и одличен млад тренер. Во следната сезона ќе го имаме еден од најмладите тимови во Бундес-лигата, мене ќе ми биде чест од своето искуство да го пренесам на помладите играчи“, изјави Филип Миркуловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА