ОФИЦИЈАЛНО: Мициќ е нов кошаркар на Оклахома

Српскиот кошаркар Василије Мициќ кариерата ќе ја продолжи во Оклахома Сити Тандер, објави НБА франшизата.

Мициќ потпиша повеќегодишен договор со Тандер, но поради политиката на самата франшиза не беа објавени финансиски детали. Претходно се појави информација дека српскиот репрезентативец ќе потпише тригодишен договор вреден 23,5 милиони долари.

Мициќ пристигнува во Оклахома по одличната кариера во Евролигата, која ја круниса со две титули, како и трофеи за најкорисен играч на елитното натпреварување. Мициќ во минатата сезона во 31 натпревар имаше просек од 16 поени, 5,4 асистенции и 3,2 скока.

Инаку, Тандер ги стекна правата на Мициќ во трејд со Филаделфија 76 во декември 2020 година. Тој беше избран од Сиксерс како 52. пик на драфтот во 2014 година.

 

Се вчитува...