Турската фудбалска федерација постигна договор со Винченцо Монтела за да го води турскиот национален тим до 2026 година, соопштија од федерацијата.
Монтела работеше во Адана Демирспор, и под негово водство турскиот клуб го имаше најдобриот пласман во историјата. Токму ова беше препорака да му биде доверена селекторската функција.
Монтела доаѓа на местото на германскиот струњак Штефан Кунц, кој доби отказ после поразот од Јапонија и критиките кои ги упатил кон играчите. Во најтесниот избор беше и Јоаким Лев, но тој барал долгорочен договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

