Алваро Мората и дефинитивно ќе биде новиот предводник на нападот на Челси, откако англискиот клуб вечерва го договори трансферот на голгетерот на Реал Мадрид за сума од 80 милиони евра. Преговорите што траеја десетина дена конечно успешно финишираа откако „кралевите“ ја прифатија понудата вредна почетни 65 милиони евра, плус дополнителни 15 милиони кои Челси ќе ги плати со активирање на неколку клаузули, околу бројот на настапи, постигнати голови и освоени трофеи на Мората со лондонскиот клуб. Шпанецот ќе потпише петгодишен договор за плата од девет милиони евра по сезона.
Официјализацијата на трансферот ја потврди и актуелниот европски првак на својата официјална веб-страница.
„Реал Мадрид и Челси постигнаа договор за трансферот на Алваро Мората, кој ќе биде комплетиран по лекарските прегледи на фудбалерот. Сакаме да му се заблагодариме на Мората за посветеноста, професионализмот и беспрекорното однесување во изминатите години, уште од настапите за младинската екипа“ – се вели во соопштението на Реал Мадрид.
Мората минатото лето се врати во Мадрид по успешните настапи во дресот на Јувентус, но откако не се избори за место во првиот тим инсистираше на трансфер. Тој беше примарна цел на Жозе Мурињо, но откако Манчестер јунајтед наместо него го доведе Ромелу Лукаку, Мората на крјаот заврши со „планот Б“ – трансфер кај Антонио Конте во Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА