ОФИЦИЈАЛНО: Муарем Муарем е нов тренер на Работнички

Екипата на Работнички го назначи и четвртиот тренер оваа сезона, Муарем Муарем е наследникот на Србинот, Ален Тупајиќ.

Тупајиќ издржа само еден месец и не успеа да ги извлече дебармаалци од кризата, па поради тоа управата се одлучи на нова промена.

Муарем Муарем го чека тешка битка во вториот дел од сезоната бидејќи Работнички е претпоследен со само седум бода.

Муарем Муарем претходно беше тренер на Гостивар и Башкими, а како асистент имаше улога во Шкупи.

Се вчитува...