Официјално: Мурињо го доби новиот напаѓач (ВИДЕО)

Тами Абрахам и официјално е нов играч на Рома, потврди италијанскиот клуб. Англичанецот кој во главниот град на Италија пристигнува од редовите на Челси со „волчицата“ потпиша пет годишен договор и ќе го наследи Един Џеко.

За услугите на 23-годишникот Рома плати 40 милиони евра, а самиот договор брои голем број на клаузули поврзани со учинокот на играчот. Притоа од 2023 година, Челси ќе може да го врати Абрахам на „Стемфорд Бриџ“ за сума од 80 милиони евра.

Се вчитува...