ОФИЦИЈАЛНО: Надал ќе игра за Шпанија во Дејвис купот

Легендарниот шпански тенисер, Рафаел Надал ќе игра во финалето на Дејвис купот што од 19. до 24. ноември ќе се одржи во Малага.

Последните натпревари Надал ги одигра во текот на летото, на Олимписките игри во Париз. Во сингл на Игрите беше поразен од Новак Ѓоковиќ, додека во двојки со Карлос Алкараз стигна до четвртфиналето. Потоа се повлече од УС Опен, а го откажа и Лејвер купот, кој се одржа минатата недела.

Во текот на кариерата Надал освои дури 22 гранд-слем титули, од кои четиринаесет пати го подигна победничкиот пехар на Ролан Гарос. Тој исто така четири пати го освои Дејвис купот со Шпанија, во 2004, 2009, 2011 и 2019 година.

Во четвртфиналето Шпанија ќе игра против Холандија, а преостанатите четвртфинални двојки се: Германија – Канада, САД – Австралија и Италија – Аргентина.

Се вчитува...