Навивачите на Наполи имаат причина за еуфорија откако нивниот клуб попладнево го официјализираше мегатрансферот на Кевин де Бруине.
Белгискиот фудбалски генијалец доаѓа како суперзасилување еден месец откако Наполи ја освои шампионската титула и дефинитивно ќе биде значаен адут на тренерот Конте во наредната сезона. Тој пристигна како слободен играч по истекот на договорот со Манчестер Сити, по што денеска потпиша двогодишен договор со „наполитанците“ за плата од 10 милиони евра по сезона.

„Кралот Кевин“ пристигна, се пофали Наполи на официјалните профили на социјалните мрежи, како потврда на овој одличен трансфер.
Де Бруине доаѓа во Италија по десет години минати во дресот на Манчестер Сити, кој во 2015 година плати 76 милиони евра за да го доведе од Волфсбург. Белгискиот репрезентативец со години беше лидер на „граѓаните“, освојувајќи шест титули во Премиер-лигата и по една во Лигата на Шампионите, Супер-купот на Европа и на клупскиот мундијал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

