Младиот германски голман Јонас Урбиг од денеска и официјално е нов фудбалер на Баерн Минхен. 21-годишникот во Минхен пристигнува од Келн и потпиша договор до 2029 година по трансфер вреден седум милиони евра со дополнителни три милиони евра во можни бонуси.
Урбиг се очекува да биде наследникот на легендарниот Мануел Нојер, германскиот ветеран кој ќе биде ментор на далеку помладиот колега меѓу стативите.
„Горд сум што станав дел од еден од најголемите клубови во светот. Ќе се трудам секојдневно да работам професионално и да напредувам како дел од голманската група со Мануел Нојер“, изјави Урбиг.
🧤 Willkommen in der 𝓕𝓒 𝓑𝓪𝔂𝓮𝓻𝓷 𝓕𝓪𝓶𝓲𝓵𝓲𝓮, Jonas! ❤️🤍#ServusJonas #MiaSanMia pic.twitter.com/TQR5H99n5h
— FC Bayern München (@FCBayern) January 27, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

