Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова и официјално својата кариера ја продолжува во екипата на Ал Шабаб во Саудиска Арабија!
28-годишната Андонова по стапките на најголемите светски фудбалски ѕвезди, се одлучи да ја прифати понудата за преселба во редовите на Ал Шабаб кој денеска и официјално ја промовираше македонската репрезентативка како свое големо засилување за новата сезона.
За овој клуб во машката екипа настапуваше и хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ, а членови во моментов се Италијанецот Џакомо Бонавентура и Белгиецот Јаник Караско.
„Со задоволство може да го објавиме трансферот на најдобрата македонска фудбалерка во историјата и капитен на македонската репрезентација во еден од најдобрите клубови во Саудиска Арабија. По богатата кариера зад себе, сега сме сигурни дека Андонова ќе биде вистински презентер на македонскиот фудбал, првпат во својата кариера, и во Саудиска Арабија“ – објави и Никола Ѓошевски, менаџерот на Наташа Андонова.
Андонова ова лето ја заврши соработката со шпански Леванте каде играше од 2019 година. Претходно во својата богата кариера беше дел и од Барселона, ПСЖ, Розенгард, германски Турбине како и Борец Велес и Тиквешанка во домашното првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА