Она што беше најавено деновиве, денеска доби и официјална потврда – Халил Јагањац си заминува од Металург. Од управата на Металург денеска ни потврдија дека е постигнат договор со Нексе за трансфер на хрватскиот бек. Јагањац со Металург имаше двегодишен договор и Нексе ќе го плати обесштетувањето од 120.000 евра.
Иако првично од Металург инсистираа Јагањац да остане до декември и да ги доигра натпреварите во Лигата на шампионите, на крај сепак е постигнат договор тој веднаш да се пресели во хрватскиот тим кој пак се бори за место во групната фаза од Купот на ЕХФ. Можно е Јагањац да го одигра само уште претстојниот натпревар со Tатран Прешов додека се завршат процедурите околу трансферот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА