Искусниот македонски голгетер Илија Несторовски, повторно ќе игра во Хрватска, откако денеска го комплетираше трансферот во Славен Белупо.
Несторовски во минатото беше дел од Интер Запрешиќ, каде во сезоната 2014/15 заврши како прв стрелец во хрватската Прва лига, а потоа направи трансфер во Палермо во Италија, а играше и за Удинезе и Асколи.
Славен му посака добродојде на Несторовски, а тој ќе има задача со голови да го спаси својот тим од најлошото, со оглед дека Славен има лош почеток на сезоната во ХНЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА